СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО: Хабиб ја брани титулата против Фергусон

twitter/BJ Penn

Конечно е официјално, Хабиб Нурмагомедов против Тони Фергусон ќе ја прави титулата во лесна категорија во УФЦ. Борбата ќе се одржи на 18 април идната година и ова е дефинитивно најдолгоочекуваниот настан во мешаните боречки вештини во последните неколку години.

Досега овие борци четири пати си договорија меѓусебна пресметка но сите четири пати беше одложена борбата поради повреди. Хабиб се повлече во 2015 и 2017 година, додека Фергусон тоа го направи во 2016 и 2018 година.

Нурмагомедов има неверојатен скор од 28 победи без пораз од кои 13 се во УФЦ, додека Фергусон се наоѓа во серија од 12 победи во серија и има 18 триумфи во последните 19 борби.

– Овој човек сакаше да добие ќотек и сега тоа го заслужи. Орелот на 18 април уште еднаш ќе слета во Бруклин. Ова е за фановите – напиша на Твитер, Али Абделазиз, менаџерот на Хабиб Нурмагомедов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот