Сефер Емини/ФФМ

Сефер Емини: Играме против ривали кои ќе бидат дел од Светското првенство, мораме да ги сфатиме сериозно

Македонскиот репрезентативец Сефер Емини, кој настапува за дански Сондерјиске, очекува нашата селекција да прикаже квалитетна игра и да оствари позитивни резултати на претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.

Иако сè уште го чека своето деби во сениорскиот дрес на Македонија, Емини потенцира дека најважно е тимот максимално подготвен да ги дочека предизвиците што следуваат, без разлика што натпреварите се играат по завршувањето на клупската сезона.

„Многу фудбалери сега одат на одмор, но ние сме тука, со репрезентацијата. Се подготвуваме максимално за овие мечеви и сакам да оствариме добри резултати. Имаме многу нови играчи, меѓу нив сум и јас. Уште немам дебитантски настап за сениорскиот тим, но тоа не значи ништо. Ќе работиме напорно за да се прикажеме во добро светло. Двата ривали ќе играат на Светското првенство, ќе ги сфатиме сериозно овие натпревари.

Најважно е да сме дисциплинирани во техничка и тактичка смисла. Ќе ги одработиме задачите на стручниот штаб, со надеж за добри резултати на овие тешки мечеви. Имаме квалитет во нашиот состав“, изјави Емини.

Македонија ќе одигра две контролни средби, прво против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево, а потоа и против Турција на 1 јуни во Истанбул.

Јани Атанасов: Против БиХ одиме да се надигруваме и да победиме

ФОТО | Седлоски ги собра фудбалерите за натпреварите со БиХ и Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот