Седум стихозбирки влегоа во потесен избор за наградата „Антево перо“ и пет за наградата „Антев часовник“

Плакат на поетско-културната манифестација „Анте Поповски - Антево перо“

Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, како организатор на мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

На својот втор состанок, комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), како поетски книги што се издвојуваат по својот квалитет ги селектираше следните седум збирки: „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ на Тони Попов, „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков, „Сивка: геометрија на болката“ на Ирена Бабамова Стојчева, „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски, „Царски рез на небото“ на Даниела Андоновска Трајковска, книгата „Анатомија на скриена болка“ доставена под шифрата Суштина и поетскиот ракопис „Каде што се раѓаат сенките“ на Агрон Усеини. Редоследот на номинираните е според нивното пристигнување на електронската адреса.

Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува со цел откривање и афирмација на нови млади талентирани поети што творат на македонски јазик и е потстрек за нивното творештво, стручната комисија ги номинираше следните пет збирки: Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“, Ива Пуовиќ – „Полет“, Мартина Костадиноска – „Пијавици“, Нино Наумовски – „Индиго солзи“ и Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“. И во овој случај, редоследот на номинираните е според нивното пристигнување на електронската адреса.

Со следниот круг на селекција комисијата ќе ги соопшти добитниците на наградите „Антево перо“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 243, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 17-18.8.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот