Фото: Pexels / Lucas Pezeta

Седум најчести причини за агресивно однесување кај кучињата

Сите сме наишле на куче кое ржи кога се обидувате да го погалите или ве гледа како да го вознемирувате само затоа што сте таму.

Сопствениците на кучиња понекогаш може да забележат дека нивното милениче одеднаш станало повлечено или раздразливо. Иако ова често се опишува како „намќоресто“ однесување, во реалноста, обично постојат специфични причини зад ваквите реакции – од здравствени проблеми до промени во околината, пишува „Парејд петс“.

Наместо да ја толкуваме природата на кучето на човечки начин, важно е да разбереме што всушност кучето кажува со своето однесување. Подолу, ви ги претставуваме седумте најчести причини за агресивност кај кучињата и совети како да им пристапите.

1. Непријатност и болка

Болката е една од најчестите причини зошто кучето може да изгледа раздразливо. Повредите, артритисот, забоболките или други здравствени проблеми можат да предизвикаат негативни реакции на допир или движење. Пред да го припишете однесувањето на карактерот, важно е да се исклучат медицински причини.

2. Нарушување за време на одмор

Кучињата, како и луѓето, имаат потреба од мир и одмор. Ако често се будат или се вознемируваат за време на спиењето, може да ржат или да се оддалечат. Ако ова однесување се повторува, потребно е да се провери од медицинска причина.

3. Несакан физички контакт

Некои кучиња не сакаат прегратки, галење по глава или бакнежи, особено од странци. Нарушувањето на нивниот приватен простор може да предизвика непријатност или одбранбена позиција.

4. Фрустрација поради неисполнети цели

Кучињата кои не научиле да ги контролираат своите импулси може да станат фрустрирани кога не го добиваат она што го сакаат – на пример, кога не можат да фатат верверица, кога чекаат да им фрлите топка или кога не го добиваат вашето целосно внимание.

5. Промени во рутината или околината

Кучињата ја сакаат предвидливоста и стабилноста. Ненадејните промени – преселба, нов распоред, доаѓањето на ново домашно милениче или член на семејството – можат да предизвикаат несигурност и нервоза.

6. Сензорно преоптоварување

Премногу бучава, светлина или гужви можат да го преоптоварат нервниот систем на кучето. Некои ќе се повлечат, додека други ќе одговорат со гласни лаења или ржења.

7. Стареење и когнитивни промени

Како што кучињата стареат, тие може да станат пораздразливи поради физички заболувања или когнитивни промени како што е кучешката деменција. Оваа состојба може да влијае на нивната ориентација, меморија и расположение.

Севкупно, кучешката агресивност обично има причина и најчесто е поврзана со болка, стрес, промена или прекумерна стимулација. Доколку забележите какви било промени во однесувањето, одете на ветеринарен преглед и, доколку е потребно, консултирајте се со специјалист за однесување на кучиња. Разбирањето на причината е клучно за одржување на вашето домашно милениче здраво, среќно и опуштено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот