Седум мигранти останале заробени во Дрина

Фото: Википедиа
Граничната полиција во Зворник денес попладневните часови, спаси седум мигранти кои останале заробени на реката Дрина која го дели овој босански град.  Мигрантите кои останале на сред река заради високиот водостој биле пронајдени за време на редовен надзор на државната граница.  
Во спасувњето на мигрантите на членовите на Граничната полиција на Босна и Херцеговина им помогнале и членови на  Здружението на рибарски чувари. 
На лице место пристигна и екипата на Црвен крст Зворник. Понатамошната работа за овој случај е во тек“ велат од граничната полиција на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот