Седница на Комисијата за европски прашања за предлог-измените на Законот за градење

Фото: МИА

Собраниската Комисија за европски прашања на денешната седница треба да го разгледа Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за градење, по скратена постапка, кој е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

Претходно, Комисијата ги разгледа и на натамошна собраниска постапка ги проследи измените и дополнувањата на Законот за работните односи и на Законот за урбанистичко планирање.

Во наредните денови треба да ги разгледа и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за експропријација и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д, двата по скратена постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот