Се зголемува бројот на повредени: Опожарена зграда по разорниот земјотрес во Турција (ВИДЕО)

ФОТО: Принтскрин/Youtube

Досега бројот на повредени луѓе се искачи на 84.

По силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Турција, страшни сцени доаѓаат од градот Елазиг, каде досега се регистрирани четри жртви.

Силниот земјотрес од 6.8 степени освен уривање на многу згради предизвика и пожари.

Како што може да се види едно од видеата поставени на социјалните мрежи, голем пожар зафати една зграда во овој град.

Од друга страна, спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да ги спасат луѓето под урнатините.

Досега бројот на повредени луѓе се искачи на 84.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот