Се заловуваат улични кучиња околу училиштата и на други фрекфентни локации во Општина Бутел

Фото: Општина Бутел

Заловените кучиња се сместени во прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Општина Бутел во соработка со ЈП „Лајка“ изминатиот период започнаа со акција за заловување на уличните кучиња. Како што информираат од оваа скопска општина, фокусот е ставен на заловување на бездомните животни кои се наоѓаат околу општинските основни училишта и најфрекфентните локации.

– Во изминатите денови на неколку локации во Општина Бутел системски и темелно заедно со ЈП „Лајка“ започнавме со решавање на пролемот со уличните кучиња. Фокус ставивме на општинските основни училишта и најфрекфентните локации. Во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ сместени се заловените кучиња. На заловените кучиња кои веќе го имаат поминато хуманиот третман, им е направен тест за социјализација од страна на стручните тимови на ЈП „Лајка“. Во наредниот период ќе продолжиме со оваа акција и на други локации на територија на Општина Бутел – информира градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот