Се враќа во мода најомразениот тренд од 2000-та година! (ФОТО)

Модните стручњаци открија дека во периодот кој следи нè очекуваат ексцентрични модни парчиња, како и еден провокативен и заборавен тренд кој доминираше на почетокот од 2000-та година.

Станува збор за необичните панталони кои имаат исечени делови на бутовите и потсетуваат на каубојски модел.

Ова модно парче прва го прослави поп-ѕвездата Кристина Агилера, носејќи го во спотот за песната „Dirrty“, а набрзо стана и нејзин заштитен знак.

Иако беше многу популарен на почетокот од 2000-та година, а потоа исчезна со брзина на светлината, 20 години подоцна овој тренд се враќа на големата врата!

Тоа прво беше најавено во колекциите на многу дизајнери, а на неодамна одржаната Недела на модата во Лондон, имавме можност да видиме кожна верзија од овие панталони, комбинирана со ретро патики и ролка.

Исто така, пејачката Џенифер Лопез го носеше овој модел на каубојски панталони за полувремето на „Super Bowl“, а овој сексапилен крој во прв план ги истакна нејзините атрибути.

View this post on Instagram

taste the rainbow ?

A post shared by Nikita ??????? Dragun (@nikita_dragun) on

Деми Ловато, Парис Хилтон и Рита Ора исто така го обожаваат овој тренд, но и голем број на инфлуенсерки. Многу инстаграм-ѕвезди ја избираат најпровокативната верзија на овие панталони се со цел да привлечат повеќе внимание.

View this post on Instagram

AUNTIEANA?

A post shared by @ hennessycarolina on

View this post on Instagram

We are ready for you @yg ❤️???

A post shared by MOLLY ESKAM (@mollyeskam) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот