Се вештачат четири телефони за објавенета тајна снимка од МВР

Во наредниот период ќе бидат повикани и други лица во насока на расветлување како е дојдено снимката да биде објавена во медиуми, велат од Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство на Македонија заполнало истрага за протекување на снимка обезбедена со Посебни истражни мерки во 2014, а на вештачење се дадени четири мобилни телефони од четворица полициски службеници кој имале контакт со снимката.

– Вчера беа повикани четири лица, вработени во Министерството за внатрешни работи. Тие беа повикани во својство на сведоци. Повиканите дадоа искази пред јавен обвинител. Минатиот месец во одредени медиуми е објавена снимка која е материјален доказ прибавен со примена на ПИ-мерки. МВР во насока на утврдување на одговорните лица и расветлување на настанот го анализираше објавениот материјал, по што го извести обвинителството за понатамошно постапување.

Вчера обвинителот ги повика лицата што во времето на спроведување на мерката во 2014 година биле одговорни за истата, ги сослуша и им ги одзеде мобилните телефони. Во наредниот период ќе бидат повикани и други лица во насока на расветлување како е дојдено снимката да биде објавена во медиуми. Посебните истражни мерки спаѓаат во класифицирани информации со законски одреден степен на класификација „Строго доверливо“ и секое нивно објавување претставува кривично дело „оддавање на службена тајна“ – велат од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот