Се случи и тоа: Прв Афроамериканец во познато реално шоу, по 18 години емитување! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Афроамериканецот Мет Џејмс (28) е првиот младоженец со темна боја кој учествувал во емисијата „Bachelor“ (Младоженец“, која се прикажува од 2002 година и трае веќе 24 сезони.

Имено, Мет Џејмс е од Њујорк и ради во фирмата „ЦБРЕ“, која се занимава со недвижности. Тој на почетокот на годината бил на кастинг за младоженци за 25 сезона на емисијата, откако обожавателите напишале петиција да се зголеми разноликоста на натпреварувачите. Дваесетиосумгодишното момче прво требало да се појави во емисијата „Тhe Bachelorette“ (Млада), чие снимање е одложено поради пандемијата на коронавирусот која е низ целиот свет.

Од продуцентксата куќа на ова реално шоу е кажано:

– Мет е на нашиот радар уште од фебруари, кога продуцентите го прашаа да учествува во нашите емисии. Со оглед на тоа дека снимањето не можеше да се продолжи како што беше планирано, имавме бенефит да го запознаеме Мет и сите се согласивме дека тој би бил вистински младоженец.

– Знаеме дека имаме одговорност да ги претставиме сите љубовни приказни во кои живееме и сме во служба на нашата публика – додале тие.

– Навистина сме привилигирани што Мет е нашиот прв „црн младоженец“ и едвај чекаме да видиме како ќе поминеме со него – заклучиле од оваа медиска куќа.

Во оваа франшица единствена Афроамериканка која се појавила во реалното шоу „Млада“ е Рејчел Линдзи во 2017 година.

Да потсетиме, 85.000 фанови потпишаа петиција да се прикаже Афроамериканец како главен актер во оваа емисија и помеѓу бројните жени да ја најде љубовта на својот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот