Се реконструира скопскиот булевар „Крсте Мисирков”

Градот Скопје денеска започна со целосна и темелна рекоснтрукција на булеварот „Крсте Мисирков”, и тоа на потегот од раскрсницата кај „Мавровка”, до надвозникот до петљата кај поликлиниката „Битпазар”, во должина од 1.350 метри во двата правци.

Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој присуствуваше на изведување на инфраструктурните активности.

Со цел да се подобри квалитетот на коловозот, тој очекува да има интервенција и во тампонирањето. Шелегов посочи дека реконструкцијата ќе трае наредниве 30 дена и дека ќе се изработи една квалитетна инфраструктура.

– Градот Скопје во изминатиов период парите на граѓаните ги троши за вистинските приоритети на нашиот град и во таа смисла вршиме целосна и темелна реконструкција на инфраструктурата. Вредноста на овој проект е околу 20 милиони денари, што е значително поевтино од она што Градот во минатото го плаќал како износи за ваков тип на услуги, рече скопскиот градоначалник.

Прочитајте и...  Нови протести во градовите низ Србија, новосаѓани тргнаа да го блокираат автопатот (ВИДЕО)

Чаирскиот градоначалник Висар Ганиу изјави дека тој уште на почетокот на мандатот заедно со градоначалникот на Град Скопје има програма и план за реконструкција на сите улици во Општината Чаир.

– По целосната реконструција на улица „Лазар Петковски”, чии работни активности се при крај, сега го реконструираме овој булевар што спаѓа на територијата на Општина Чаир. Паралелно со работните активности што ги изведува Градот Скопје на територија на Општин Чаир, ќе ги реконструираме и другите улици што се во наша надлежност, рече Ганиу.

На прашањето до каде е Законот за Матка, упатено до градоначалникот Шилегов, тој рече дека законот е во процес на изработка, во соработка со Општина Сарај, со УНДП и со Министерството за животна средина.

Прочитајте и...  Партиите го кажаа своето, сега ќе зборуваат гласачите

– Јас инсистирам да спроведеме законско решение кое што нема да зависи од субјективната волја ниту на градоначилник на Град Скопје, ниту на градоначалник на Општина Сарај, туку да формираме една институција која ќе се грижи за одржување на Матка. Само уште го бараме соодветното решение, мислам дека ќе успееме да ги надминеме тие проблеми и дека потоа ќе можеме тој законски текст да го понудиме во Собранието на РСМ за донесување, рече Шилегов.

Прашан во какви односи е со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, Шилегов рече дека не чувствува оти има нарушено лични односи со него.

– Јас не чувствувам дека имам нарушено лични односи со градоначалникот на Општина Сарај, и не гледам зошто дури и доколку градоначалникот на Сарај смета дека тие односи се нарушени, не би продолжила инстиуционалната соработка во интерес на граѓаните во Општината што ја предводи. Јас Блерим се уште го чувствувам како близок човек, другар, работник со кој мора да соработуваме доколку сакаме да престане урбаното дивеење на Матка , рече Шилегов.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е европски Вухан, а за Заев граѓаните не вредат ни пет банки

Прочитај повеќе

МВР во потрага по поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Слободен печат

Тажна вест: Почина познатиот професор доктор Стојмен Михајловски

Потврдени 199 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, починаа 8 лица

Слободен печат

Потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија и политичките партии

Слободен печат

Партија на Македонците во Србија со поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Слободен печат

Лукаревска: Ги обезбедуваме работните места, им помагаме на компаниите и на вработените

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени во БиХ

Слободен печат

Харвард возвраќа со тужба против одлуката на Трамп, со која се забранува престој на странски студенти во САД

Слободен печат

Мисајловски: Во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе изградиме целосна подземна инфраструктура и нов асфалт (ВИДЕО)

Слободен печат

Богојески: Македонски концепт се залага за 6 часовен работен ден за работниците во Македонија

Слободен печат

Американските маринци масовно се разболуваат од корона, Армијата молчи

Слободен печат

Во Србија 345 новозаразени со коронавирусот, починаa 12 лица

Слободен печат