Се празнат и демонтираат силосите: Продолжува уривањето на бетонската база на Нефи Усеини во Охрид

Фото: irl.mk

Активностите за отстранување на нелегално изградената бетонска база на излезот од Охрид во сопственост на општинскиот советник на ДУИ, Нефи Усеини продолжуваат со празнење и демонтирање на силосите. Во текот на вчерашниот ден е демонтиран и последниот од трите силоси на комплексот.

Како што истакнаа од локалната самоуправа, активностите за отстранување на бесправно изградените објекти во Општина Охрид се одвиваат согласно утврдената динамика. Од таму истакнуваат дека потврда за тоа е отстранувањето на бетонската база и празнење на последниот силос. Истовремено се најавува дека во наредниот период ќе се продолжи и со отстранување на останатите делови од објектот на базата.

Уривањето на нелегално поставената бетонска база почна на почетокот на јуни, кога механизација влезе во комплексот и започна со уривање на бетонските делови на инсталацијата.

Базата е на градежната компанија „Нефи ИК” сопственост на советникот во Општината, Нефи Усеини. За инсталацијата има правосилно решение дека се работи за нелегално изграден објект што мора да биде урнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот