Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Се поставува елката на плоштад „Македонија“

Град Скопје интензивно се подготвува за поставувањето на новогодишната елка на плоштад „Македонија“.

Фоторепортерот на „Слободен печат“ ги забележа екипите кои ги прават последните подготовки, пред да светне елката во петок, на 06. 12. 2019, во рамки на новогодишниот базар „Винтерленд 2020“.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ годинава ќе бидат сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година.

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

 

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот