Се појави последното видео со Марадона на кое ужива на забава со алкохол и пура

Фудбалскиот свет сè уште не се опорави од смртта на Диего Марадина, постојано се проверува секој момент од неговиот живот, се преиспитува дали можеше да се избегне трагедијата…

Сега во јавноста се појави една од последните видеа со фудбалскиот волшебник кое наводно е направено неколку дена пред Марадона да замине на операција на мозокот и на него се гледа како тој се забавува со цигара и алкохол.

Тој се забавува и пее, а пред него има чаша пиво, но и таблети што го отсликува неговиот најголем проблем кој го имаше во животот – борбата со зависноста.

Аргентинските медиуми на снимката го препознаа и лекарот Маријано Кастро кој е близок пријател на Марадона.

Личниот лекар на Марадина, Леополд Луке и поранешниот доктор Росио Олива признаа дека токму овие работи, алкохолот и пурите му претставуваа голем проблем во животот на славниот фудбалер.

Марадона почина на 25. ноември од срцев удар, а неколку дена подоцна беше покрената истрага поради потенцијална лекарска грешка или негрижа во лечењето на Аргентинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот