Сè поголем број на лажни твитер профили, „Буш“ твитна: Ми фали да убивам Ирачани

Лажен профил на Џорџ Буш/ Фото Твитер

Бројни корисници на Твитер го искористија моментот за да создадат лажни профили на славни личности откако беше воведен нов систем за верификација од страна на милијардерот Илон Маск. Претходно, познати личности, политичари, новинари и други јавни личности мораа да обезбедат доказ за идентификација пред да добијат значка за верификација.

Според новиот модел, на сите корисници кои плаќаат по осум долари месечно ќе им бидат проверени профилите. Маск тврдеше дека потврдата за плаќање преку апликациите на Епл и Гугл е доволна и може да биде успешна без самиот Твитер да го потврди идентитетот на корисникот.

Маск, исто така, се закани дека ќе ги уништи лажните профили, велејќи дека секој што води профил под име на друго лице треба да биде „баниран“ без предупредување доколку не го означи како пародија. И покрај тоа, од воведувањето на новиот систем се појавија голем број лажни профили.

Еден корисник кој се преправа дека е Леброн Џејмс, на пример, вчера објави на Твитер дека кошаркарската ѕвезда планира да го напушти Лос Анџелес Лејкерс, што предизвика хаос на профилот @KINGJamez, кој само малку се разликува од официјалниот профил на Леброн @KingJames, за на крајот да биде блокиран.

Исто така, се појави лажен профил на поранешниот американски претседател Џорџ Буш на Твитер, пишувајќи дека „му недостига да убива Ирачани“.

Направени се и лажни профили за познати личности и компании. „Во наредните денови ќе додадеме нови сегменти на значката за верификација како организациска припадност или проверка на лична карта“, напиша Маск вчера на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот