Српскиот принц Душан Караѓорѓевиќ и принцезата Валерија Демузо го кажаа судбоносното „да“ пред членовите на кралското семејство Караѓорѓевиќ но и пред пријатели од странство и Србија.
Молитвите на венчавката беа кажувани на српски и на англиски јазик.
Душан е најмалиот син на Александар и неговата втора сопруга Барбара од Лихтенштајн. Тој е роден во Сент Гален во Швајцарија но израснал во Париз каде неговите родители се преселиле кога бил мал.