Се огласи сопругата на Коби Брајант: Нејзината порака за Црна Мамба и Џиџи уште еднаш ја расплака планетата (ФОТО)

Ванеса Брајант, сопругата на трагично настрадниот кошаркар Коби, се огласи неколку дена по шокантната трагедија.

Долго Ванеса го чуваше профилот на Инстаграм затворен, бидејќи не може да се опорави од најголемиот удар во животот. Меѓутоа таа собрала сила за да напише порака кога видела дека целиот свет жали за нејзиниот сопруг и ќеркичката Џиџи.

– Моите девојчиња и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои покажаа поддршка и љубов во овие страшни моменти. Ви благодарам на молитвите, тие дефинитивно ни беа потребни. Ние сме потполно скршени од смртта на мојот Коби и нашето прекрасно дете.

– Исто така сме скршени и со загубата на останатите луѓе кои загинаа во неделата. Ја делиме нивната интимна тага и болка. Не можат да се најдат зборови со кои може да се опише болката која ја чуствуваме моментално. Ме теши само тоа што Коби и Џиџа знаеја колку многу ги сакавме. Бевме благословени што ги имавме во нашите животи. Би сакала засекогаш да беа со нас. Многу рано беа разделени од нас.

View this post on Instagram

My babes. ❤️? #GigiBryant

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant) on

– Не сум сигурна како ќе се одвиваат нашите животи сега, невозможно е да го замислиме животот без нив. Но, се будиме секое утро и се обидуваме да продолжиме понатаму, да туркаме поради Коби и нашата Џиџи, сега тие ние го осветлуваат патот. Нашата љубов за нив е бескрајна и немерлива. Само сакам да можев да ги прегрнам и да ги бакнам и да ги благословам. Да ги имаме засекогаш. Ви благодарам што делите и радост и тага и поддршка со нас. Молиме само за почит и приватност во овие моменти кога се обидуваме да се навикнеме на новата реалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот