Се очекуваат поповолни состојби во преработувачката индустрија и зголемување на бројот на вработени

Поповолни состојби  за обемот на производство во наредните три месеци се очекувањата на раководителите на деловните субјекти во преработуваката индустрија во јануари 2020 година.

Како што објави Државниот завод за статистика, оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на јануари 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2020 година изнесува 71,1 отсто од нормалното искористување.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2020 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на декември 2019 година и изнесува 22.6, а во однос на јануари 2019 година е зголемен за 2.5 процентни поени.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 25,6 отсто, недоволната странска побарувачка со 17,5 отсто, недоволната домашна побарувачка со 14,9 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,5 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот