Се евакуира Ист Гејт Мол, се запали возило во гаражата

Попладнево во гаража на трговскиот центар Ист Гејт избил пожар поради што имало евакуација. Опожарено е едно возило. На терен интервенирала екипа од противпожарната бригада. Слободен печат се обрати во МВР за повеќе детали од настанот и оттаму добивме одговор дека во 18 часот и 45 минути во подземната гаража настанал пожар во патничко возило фолксваген поло, со скопски регистарски ознаки во сопственост на 62 годишниот Х.А. од Кондово. Пожарот бил локализиран и нема повредени. Според неофицијални информации, сите посетители биле изнесени надвор од страна на обезбедувањето, се вклучиле алармите, а наскоро пристигнале и пожарникарите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот