„Сè додека е среќен и стабилен“: На Џиџи Хадид не ѝ пречи што Зејн Малик се забавува со Селена Гомез

Џиџи Хадид и Зејн Малик / Селена Гомез / Фото: EPA

На Џиџи Хадид, наводно, не ѝ пречи тоа што нејзиното поранешно момче Зејн Малик се забавува со Селена Гомез, „сè додека тој е среќен и стабилен“, пишува „Дејли мејл“.

Светски познатата манекенка и пејачот беа во турбулентна љубовна врска, која со прекини траеше од 2015 до 2021 година, а во тој период ја добија и двегодишната ќерка Каи.

Официјално, тие раскинаа во октомври 2021 година, кога Малик влезе во жестока расправија и физичка пресметка со мајката на Џиџи Хадид, Јоланда.

Џиџи Хадид на традиционалната „Венити фер“ оскаровска забава / 13 март 2023 / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Моментално, Зејн Малик и Селена Гомез се главна тема во таблоидните написи, откако корисничката на ТикТок, Клариса Гарсија сподели видео на кое тврди дека една нејзина пријателка, која е хостеса во ресторан, ги забележала Малик и Гомез на заедничка вечера.

Извор близок до Џиџи Хадид тврди дека таа ја поддржува нивната романса.

„Џиџи нема проблем со кој и да се состанува Зејн во моментов. Сè додека тој е среќен и стабилен, а истовремено е добар родител на Каи, на неа не ѝ пречи“, вели изворот.

Џиџи Хадид и Селена Гомез на модната ревија на „Викторија сикрет“ во Њујорк, САД / 10 ноември 2015 / Фото: EPA/JASON SZENES

Ова доаѓа откако се појави информацијата дека Малик и Гомез уживале на тајна романтична вечера во Њујорк оваа недела.

Тиктокерката објави и скриншот фотографии од разговорот со нејзината пријателка, во кои таа тврди дека ги видела Малик и Гомез како се бакнуваат во ресторанот.

@klarissa.mpeg #fyp #greenscreen #selenagomez #zaynmalik ♬ original sound – Klarissa Garcia


Овие тврдења дополнително ги зајакна и еден извор за „Ентертејнмент тунајт“, кој вели дека парот влегол во ресторанот „држејќи се за раце и бакнувајќи се“.

„Селена и Зејн беа во СоХо во Њујорк минатата вечер. Тие влегоа во ресторанот држејќи се за раце и се бакнуваа. Повеќето од вработените во ресторанот не ги ни приметија. Тие беа многу опуштени и повеќе од јасно е дека стануваше збор за романтичен состанок“, вели изворот.

Исто така, интересно е дека Гомез е една од ретките луѓе, поточно 18 профили, кои Малик ги следи на Инстаграм. Тие неодамна се заследија на овој социјален медиум.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот