Се чисти депонијата кај Железничкиот мост

Фото:Град Скопје

Град Скопје најавува дека во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење на оваа дива депонија

Огромните купишта на градежен шут, комунален отпад но и остатоци од кабаст отпад започнаа да се расчистуваат од страна на екипи на Град Скопје на депонијата кај Железничкиот мост на реката Вардар во општина Гази Баба.

На оваа депонија, како што соопштија градските власти, секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, но пред се го загрозува здравјето на жителите од оваа општина.

Град Скопје најавува дека во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење на оваа дива депонија, која зафаќа површина од над 13.000 метри квадратни.

Меѓу другото, градските власти информираат и дека, деновиве целосно е исчистена и депонијата во населба Лисиче, која се наоѓа на улицата Ѓорѓи Крапчев на површина од околу 18.000 метри квадратни, со исчистена и транспортирана голема количина на комунален отпад, смет и градежен шут.

-Град Скопје продолжува со интензивно чистење на дивите депонии кои се мапирани на територијата на Скопје, а екипите на јавните претпријатија работат во две смени со цел побрзо и поефективно чистење и санирање. Дополнително, Градот воведе засилен инспекциски надзор и неселективно ќе бидат изрекувани големи казни за сите кои не го почитуваат законот, а со тоа и ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните – се вели во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот