Се чекаат резултатите од земените мостри од реката Брегалница која обеле од хемикалија

Од крим техника СВР- Штип земени се три мостри за испитување од водата и се чекат резултатите за натамошно постапување. Согласно наодите од страна на ДИЖС е изречена соодветна санкциска мерка.

Извршен е инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во врска со загадувањето на реката Брегалница во Штип. За понатамошно делување и преземање на поригорозни мерки согласно Законот за животна средина треба да ги добиеме резултатите од земените мостри од крим техника при СВР- Штип, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Од крим техника СВР- Штип земени се три мостри за испитување од водата и се чекат резултатите за натамошно постапување. Согласно наодите од страна на ДИЖС е изречена соодветна санкциска мерка.

Од ресорното министерство потсетуваат дека на 23-ти месецов во вечерните часови е пријавено истекување на хемикалија-ЛИТЕКС С 9070 во ТИРЗ – индустриска зона – Штип. Од страна на ДИЖС, како што се наведува, утврдено е дека истекувањето се случило при истовар на хемикалијата од цистерната, односно при пукање на цревото при што се излива во каналот за атмосферска вода кој оди дирекно во реката Брегалница.

-На 24 јуни 2020 година во 9 часот направен е увид во документацијата и констатирано е дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ поседува решение за одобрен елаборат за животна средина од општина Штип од 2015 година, во кој е утврдено дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ во технолошкиот процес нема испуштање на отпадни индустриски води, емисии во воздух и нема бучава, се вели во соопштението.

Според ресорното Министерството, констатирано е дека истата фирма поседува решение за вршење на дејност промет на големо со хемикалии во магацински простор одобрено од Министерството за здравство од 16.08.2017 година и поседува безбедносен лист за хемикалијата LITEXS S 9070 од производителот СИНТОМЕР Германија и оти не е токсична.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот