Се ближи крајот на агонијата за Симонс, Бостон селтикс заинтересиран за размена

Симонс губи по 360.000 долари за секој неодигран натпревар оваа сезона/ фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Крилото на Филаделфија сиксерс, Бен Симонс, од крајот на минатогодинешниот плеј-оф не е во добри односи со речиси целиот тим и поради тоа оваа сезона се уште нема одиграно ниту еден натпревар.

Филаделфија редовно го казнува Симонс поради неговото одбивање да се приклучи на тимот, но во исто време се обидува пронајде заинтересирана екипа за размена.

Како што пренесува Атлетик, Бостон селтикс покажува најголем интерес да го ангажира Бен Симонс, но мора да се откаже од својот најдобар играч, Џејлен Браун и таа опција воопшто не им се допаѓа на навивачите.

Браун сезонава има просек од 25.6 поени, 6.1 скок и 2.5 асистенции по натпревар и е најдобар играч на Бостон бидејќи Џејсон Тејтум се уште се обидува да го пронајде вистинскиот ритам.

Од Филаделфија порачаа дека немаат намера да преговараат со Бостон за размена доколку во неа не биде Џејлен Браун.

Од друга страна, Бен Симонс и понатаму е надвор од екипата, а неодамна изјави дека не е психички подготвен да се врати на кошарката поради што Филаделфија го казнува со 360.000 долари за секој пропуштен натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот