Александар Митевски / Фото принтскрин
Александар Митевски / Фото принтскрин

Се бара притвор и психијатриско вештачење за насилникот кој упадна и кршеше во студиото на „Инфомакс“

За напаѓачот кој синоќа упадна во студиото на порталот „Инфомакс“, побаран е притвор, но и психијатриско вештачење, соопшти Обвинителството. Согласно законските прописи воведени пред извесно време, нападот врз медиуот и новинарите ќе се третира и како спречување на службено лице во вршење.

Упадот во студиото се случи синоќа, додека на интервју беше поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Како што соопштија надлежните, тој ја обил надворешната врата во дворот, како и уште две врати на објектот, влегол внатре и започнал со насилничко и агресивно однесување, заканувајќи им се на двајца новинари, гостин и уште еден вработен дека ќе ги убие поради тоа што искажувале ставови за Христијан Мицкоски кои напаѓачот ги сфатил како навреди за ликот и делото на премиерот.

„Започнал да замавнува и да пробува да се пробие и да дофати еден од новинарите, фрлал со чаши кон нив, ги влечел и ги туркал додека не го изнеле надвор и не повикале полиција. Како резултат на настанот, новинарите биле спречени во извршувањето на нивната службена должност, односно морале да го прекинат емитувањето на програмата. Исто така, од чинот на насилство сите присутни се почувствувале исплашени и загрозени за своите животи и за својата безбедност“, наведуваат од ОЈО.

Јавниот обвинител предложил притвор за осомничениот, а со оглед на добиените информации од кривичната пријава за неговата претходна здравствена состојба, во текот на постапката ќе биде наредено и психијатриско вештачење на осомничениот, додаваат од Обвинителството.

ВИДЕО | Упад во живо на „Инфомакс“, насилник влегол во студиото и почнал да крши и да ги навредува новинарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот