Зоран Божиновски/Фото: Фејсбук

Се бара итна истрага за нападот врз Божиновски, реагираше и претседателот и другите институции

Се нижат реакции по синоќешниот напад врз новинарот Зоран Божиновски во Битола, кој според пријавата во полицијата го извршиле маскирани напаѓачи.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот нa порталот „Буре весник” Зоран Божиновски.

Според објавите во медиумите, нападот се случил вчера вечер во Битола, пред неговата куќа и нанесени му се тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица. Случајот е веќе пријавен во полиција.

– Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело. Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, велат од ЗНМ и СЕММ.

МИОА го осуди физичкиот напад врз новинарот Зоран Божиновски

 

Министерство за информатичко општество и администрација го осудува вчерашниот физички напад врз сопственикот на „Буревесник” Зоран Божиновски.

– Ние како Министерство за информатичко општество и администрација, одговорни за законите поврзани со медиумите, жестоко реагираме во врска со вчерашниот напад врз новинарот Зоран Божиновски. Како земја која се залага за европски вредности и влез во Европската Унија, мораме да создадеме соодветна клима новинарите да ги извршуваат своите должности и функции без пречки. Ваквите напади врз медиумските работници не придонесуваат за развојот на демократијата и толеранцијата, посочуваат од МИОА.

Бараат ургентно од органите на прогонот и истражителите да го истражат и расветлат случајот до крај.

– Виновниците да ја добијат заслужената казна и ваквите случаи никогаш повеќе да не се повторат, се наведува во соопштението на МИОА.

АВМУ го осуди физичкиот напад врз новинарот Зоран Божиновски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува вчерашниот физички напад врз сопственикот на „Буревесник“ Зоран Божиновски.

– Безбедноста на новинарите е предуслов за професионално вршење на нивните обврски и секое насилство кон нив е апсолутно неприфатливо. Тие треба да ја вршат својата работа ослободени од каков било вид напади, притисоци, вознемирување и заплашување, нагласуваат од АВМУ.
Оттаму потенцираат дека во демократските земји е неопходно да се обезбеди целосно уживање на правото на слобода на изразување и на правото на информирање на граѓаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот