СДСМ следната недела ќе одлучува кој ќе шефува со техничката влада

СДСМ наредната недела ќе одлучува и ќе ги разгледува кадровските решенија за новата техничка влада, најави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по отворањето на леарницата „Кранфилд Фаундри” во Пробиштип.

-Намерата беше на последниот Централен одбор некаде на средината на декември да се разгледаат кадровските решенија. Јас верувам дека следната недела ќе може да зборуваме за нашите кадровски решенија – рече Заев.

Тој не прецизираше и не објави имиња кои би ја зазеле позицијата на технички премиер, но и на останатите кадровски решенија кои ќе влезат во новата техничка влада од редовите на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот