СДСМ слави на плоштадот во Штип, се очекува да пристигне и Зоран Заев

На Градскиот плоштад „Слобода”  во Штип кандидатот за градоначалник на СДСМ Сашко Николов со членовите и симпатизерите ја слават, како што велат, победата на денешните избори за градоначалник во Општина Штип.

Николов најави дека прв приоритет ќе му биде формирање на фонд за заштитни маски со којшто секој граѓанин ќе добие бесплатна заштитна маска, по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.

Се очекува во промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник во 21 часот да пристигне и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

На прес-конференција ќе се обратат заедно Заев, Николов и генералниот секратр на СДСМ Љупчо Николовски.

Од Општинската изборна комисија информираат дека почнува пристигнувањето на првите избирачки кутии кои членовите на избирачките одбори ги имаат изброено. Во рок од еден час пристигнати се осум од вкупно 77 избирачки места.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот