СДСМ: Мицкоски е лицемерен – блокира, а бара пари за општините за да ја скрие неспособноста на неговите градоначалници

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

„Нема крај на лицемерието на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат во соопштение за јавноста од СДСМ.

Еве го во целост соопштението од владејачката партија:

„Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски година и пол блокираа заем од Светска Банка за обезбедување средства за општините.

Преку незакажување на седница, тогашниот претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски, а сегашен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ им нанесуваше штета на општините доминантно предводени од градоначалници од СДСМ.

Денес Мицкоски кој постојано зборува против задолжувања, бара да биде доставен и изгласан во Собранието заемот од Светска банка за финансирање проекти во општините кои сега се доминантно предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е тешко лицемерие со кое Мицкоски сака да ги прикрие неработењето и партизацијата на општините.

Граѓаните да бидат спокојни, пратениците од владејачкото мнозинство ќе го усвојат законот за задолжување од Светска банка, затоа што важно е да се инвестира во капитални проекти, особено во време на најголема светска економска криза.

Досега во првите шест месеци од мандатот градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо освен што се фалеа со започнати проекти од поранешни градоначалници од СДСМ. Сега бараат за да се сликаат со пари обезбедени од Владата од проектот за поврзување на локални патишта.

На крајот на денот, остануваат деструктивноста и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои без срам ја блокираат работата на Собранието, ја критикуваат работата на Владата, а потоа бараат пари од неа“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот