СДСМ избра ново раководство – Филипче отсега ќе има само двајца потпретседатели
Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на вечерашната седница го избра поголемиот дел од новото највисоко раководство на партијата. СДСМ ќе има двајца потпретседатели наместо досегашните четворица На предлог на лидерот Венко Филипче, за потпретседатели се избрани поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и лекарот Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник за општината Аеродром.
Препорачано
Истовремено, партијата на социјалните мрежи го промовира слоганот „Нова сила“.

Генерален секретар останува Александар Димитриевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски. Во раководството, откако јавно соопшти дека се повлекува, сега се враќа и довчерашната потпретседателка Ана Чупевска, која ќе го предводи новооформениот Совет на партијата.
Поранешниот член на Антимонополската комисија Александар Давчевски е избран за претседател на Градската организација на СДСМ. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, а меѓу новите членови на ИО е и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.
Филипче ги предложи и Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски и Филип Андов за членови на Извршниот одбор.
Фани Каранфиловска-Пановска ќе остане заменик-претседателка, бидејќи таа беше избрана од конгресот и нејзината оставка може да се констатира само на конгрес на партијата.
Филипче најави голема чистка на „Бихаќка“ – вечерва бара да си оди цел Извршен одбор на СДСМ


