Јон Фрчкоски / Фото: СДСМ

СДСМ: Фирма блиска до власта добила 51 тендер во вредност од 16 милиони евра

Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија … секаде каде градоначалниците се од ВМРО, вели Фрчкоски

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови наводи, овој пат за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“. Како што велат од СДСМ, фирмата е фаворит за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, соопшти дека дел од информациите биле доставени од граѓани-свиркачи преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до Антикорупцискиот тим (АКТ).

-Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денес, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер. 51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра! Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат – изјави Фрчкоски

Според СДСМ, дел од тендерите биле финансирани и со средства од унгарскиот кредит.

– Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат и тоа со камата – изјави тој.

Тој потенцираше дека оваа фирма добивала тендери во повеќе општини управувани од градоначалници од ВМРО.

– Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија … секаде каде градоначалниците се од ВМРО. Низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма. Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат и тоа со камата. Последниот тендер, во декември 2025 година е со Град Скопје. Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра – додаде Фрчкоски.

Тој потенцираше дека ова е нов случај, а се уште немаат одговор за тендерите во Пошта.

-Сега на сите во Македонија им е јасно зошто земјата намерно се држи во изолација? Еве зошто. За пари. За криминални тендери. Јавното обвинителство, Финансиската полиција, ДКСК дали уште ќе молчат или конечно ќе преземат нешто за скандалите кои ги објавува СДСМ? – рече Фрчкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот