СДСМ до Влада со ултиматум до партиите!

СДСМ поставува сериозен ултиматум до партиите на Албанците да се откажат од национализмите во своите програми, доколку сакаат да бидат партнери во власта!

Генерално општо прифатено мислење е дека парламентарно мнозинство за состав на Влада се прави по математички пат со просто собирање на бројот на освоени мандати на партиите кои влегле во Собранието.

Овој пат се чини нема да биде само тоа. Многу потешко одат принципиелните усогласувања меѓу партиите и нивните програми.

За прв пат во поновата историја на формирањето парламентарно мнозинство македонска партија и тоа токму СДСМ, поставува сериозен ултиматум до партиите на Албанците да се откажат од национализмите во своите програми, доколку сакаат да бидат партнери во власта!

Досега секогаш било спротивното. И тоа се случува во ситуација кога освоените пратенички мандати не и даваат таква сигурност, и кога се води трка на дневна основа кој попрв ќе формира парлементарно мнозинство.

Ова е секако важен исчекор во преговорите меѓу партиите кој може да донесе нов квалитет при формирање Влада. Имено тоа значи дека конечно СДСМ сака да расчисти со досегашниот манир на состав на Влада во која министрите -коалициски партнери им полагаа сметка не не премиерот туку на своите партиски лидери, а тоа веќе 18 години е ДУИ и Али Ахмети.

Прочитајте и...  Орбан бара оставка од потпретседателката на ЕК, ја навредувала Унгарија

Она што може да ги отежнува преговорите особено со ДУИ е ставот на СДСМ дека:

„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер. За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење следуваат санкции.“

ДУИ едноставно создаде општо мнение и во македонската и особено во албанската јавност дека во рамки на партијата има длабоко корумпирани членови и функционери од кои раководството ќе мора да се ослободи.

Доколку лидерот Ахмети нема храброст за тоа, тогаш најдобро за партијата е одреден број нејзини членови, а особено неизвалканите новопечени пратеници да се одважат и да формираат независна пратеничка група со што би се дистанцирале од сите сомнежи за криминал на своите сопартијци.

Прочитајте и...  Починал пред изборите, но победил - верните граѓани сепак гласале за него (ВИДЕО)

Таа пратеничка група би била новиот ветер во демократизација на партијата која би имала кредибилитет за да влезе во состав на новата Влада заедно со останатите партии на Албанците, кои сега нерадо прифаќаат да бидат во заедничка коалиција со ДУИ за која имаат само негативно мислење.

Едновремено ваквиот цврст став на Зоран Заев е продолжување на синтагмата „едно општество за сите“ која ја инаугурираше уште на минатите парламентарни избори.
Со тоа, таквата Влада во старт се декларира дека е Влада на сите граѓани, без разлика на нивната етничката припадност, со што сериозно им ја намалува улогата на партиите на Албанците како единствени заштитници на колективните права на оваа етничка заедница, особено низ барања кои се понекогаш екстремно националистички и го поткпуваат уставниот поредок на земјата.
Ако на почетокот на формирањето на собраниското мнозинство не се расчистат овие дубиози, тогаш тие ќе останат да „висат“ како постојана закана во функционирањето на Владата.

Прочитајте и...  Во Авганистан запленети четири тони натриум нитрат, хемикалија за експлозиви

Меѓу другото многу важно е што се урива принципот на „победник со победник“ со принципот „едно општество за сите“.
Востановената пракса на формирање коалиција на партиите победнички на изборите што ја воспоставија Али Ахмети и Никола Груевски беше практично федерализација на Македонија. И тоа не толку базично на етнчка основа, колку што беше партиско мапирање на територијата на државата, според кое ДУИ „мораше“ да биде победник за да биде и ексклузивен репрезент на интересите на Албанците.

ДУИ овој пат не само што ќе мора да се „справи“ со барањата на СДСМ, туку ќе треба да се соочи и со сите останати партии на Албанците, на кои со години им го минимизираше правото на политичка самостојност, а на овие избори им ги замаглуваше очите со идјата за премиер Албанец.

Дали Заев ќе опстои на ова или само високо се позиционира во преговорите каде и останатите соиграчи имаат високи барња, е навистина прашање на кое бргу ќе добиеме одговор.

Прочитај повеќе

Жерновски за пресудата за „Шамари во Центар“: Ќе се борам Груевски да отслужи казна во македонските затвори!

Лука Андреев

Тајланд организира летови за странски туристи, првиот авион од Кина

Слободен печат

Шилегов: Град Скопје продолжува со отстранување на дивоградбите од Скопје 2014 што се под нејзина надлежност

Слободен печат

Борба за животи и респиратори: Еве како Панама се справува со растечкиот број на заболени (ФОТО)

Мавровско се дави на суво!

Борел до Димитров: Бидете уверени во мојата посветеност на интегранција на Северна Македонија во ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Студентите се „гужваат“ на факултетите за упис на семестар: Не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19 (ФОТО)

Михаило Донев

И фирмите што работат со државата останаа со куси ракави

СЗО: Умираа сами и без збогум, милион смртни случаи е многу тажен биланс

Слободен печат

Царовска: Онлајн наставата може да се следи и со стари компјутери (ВИДЕО)

Нови 112 случаи на коронавирус, осум лица починаа, 159 пациенти се оздравени

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Битиќи и Шахпаска за дел од економските мерки од четвртиот пакет

Слободен печат