СДСМ бара кривични за скандалот: Кој давал индикации за непотребните операции на срце?
Како е можно за откриени најмалку 10 непотребни операции на срце, што е скандал без преседан, да нема кривични пријави и министерот за здравство да го презентира без целосни информации, реагираше денеска СДСМ.
Препорачано
„Министерот Алиу тврди дека комисија „утврдила“ непотребни операции, но во истата реченица вели дека извештајот не бил финален. Ако извештајот не е финален, како се утврдени шокантните факти? Ако е утврдено – зошто документот се крие? Зошто не се објавуваат имињата на клиниките и лекарите кои стојат зад тие интервенции“, прашува опозициската партија.
Оттаму велат дека по ваков огромен скандал треба веднаш да бидат поденсени кривични пријави.
„Што се чека? Дали некој треба да биде заштитен? Бараме итно јавно објавување на целосниот извештај, во фазата во која се наоѓа, без преправки, без селекција и без дополнително „пеглање““, порачаа од СДСМ, додавајќи дека потребни се одговори за тоа кои се лекарите кои дале индикации дека треба да се направат операциите на срце.


