СБ на ОН повторно за Израел и за Хамас, САД блокираа заедничко соопштение

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Неколку извори наведоа дека 14 од 15 членки на Советот за безбедност се залагале за заедничко соопштение за намалување на тензиите.

Советот за безбедност на ОН денеска го одржа својот втор вонреден состанок поради непријателствата меѓу Израел и Палестинците, и повторно не беше постигнат договор за заедничка изјава поради спротивставување на САД, клучен сојузник на Израел, изјавија дипломати.

САД сметаат дека одржувањето на состанокот е доволен израз на загриженост, изјави  дипломат, а друг додаде дека „САД не сметаат дека објавата ќе придонесе за смирување”.

Неколку извори наведоа дека 14 од 15 членки на Советот за безбедност се залагале за заедничко соопштение за намалување на тензиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот