Сателит сними вулкан во близина на Антарктикот како исфрла лава

Фото Твитер

Сателитите го снимија еден од двата активни вулкани во Австралија на остров во близина на Антарктикот – познат како Биг Бен – како исфрла лава, пишува „Гардијан“.

Текот на лавата на ненаселениот остров Херд, на околу 4.100 километри југо-западно од Перт и 1.500 километри северно од Антарктикот, е дел од тековната ерупција што за прв пат беше забележана пред повеќе од една деценија.

https://twitter.com/Ant_Partnership/status/1662979694957068289

Снимката од сателитот „Коперник Сентинел-2“ на Европската вселенска агенција е снимена на 25 мај и е композит од оптичка и инфрацрвена слика.

Лавата се гледа како тече по страната на Биг Бен од близина на врвот, познат како Мосон Пик. Другиот активен вулкан во Австралија е на блиските острови Мекдоналд.

Извештаите собрани од Глобалната програма за вулканизам во институцијата Смитсонијан, пред да се објави сликата, сугерираат дека тековниот проток на лава е дел од „епизодата на ерупција“ што трае од септември 2012 година. Програмата има записи за ерупции на островот Херд што се враќаат назад до 1910 година.

Вулканот Биг Бен и островот Херд се наоѓаат на плочата на Антарктикот. На самиот Антарктик има повеќе од 100 вулкани, вклучувајќи околу 90 кои се скриени под мразот.

Островот Херд и Островите Мекдоналд се наоѓаат на висорамнината Кергулен, која е издигната на околу 3.000 метри над околното морско дно.

Островот Херд зафаќа 368 квадратни километри и е долг околу 40 километри и широк 20 километри.

Врвот Мосон на Биг Бен е 2.745 метри надморска височина – 517 метри повисок од најголемиот врв на австралиското копно, планината Косиушко во Нов Јужен Велс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот