Сашо Мијалков излегува од притвор

Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11 милиони еврa гаранција со што Сашо Мијалков излегува од притвор.

Судиите од Апелацискиот суд му определиле мерки на претпазливост, односно на Мијалков му се одземени пасошот и му е забрането добивање на нови патни исправи, а добил и обврска да се јавува во судот еднаш неделно.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот