Сашо Мијалков е на слобода: Беше пример за другите осуденици, рече директорот на затворот

Сашо Мијалков
Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков е на слобода, објави „360 Степени“. Тој утринава во 9 часот и 30 минути се одјавил од струшкиот затвор каде издржуваше казна за предметот „Империја“.

-Беше пример и за другите осуденици. Замина денеска околу 9 часот и 30 минути. Го почитуваше куќниот ред, им помагаше и на останатите во работните ангажмани внатре во затворот, во средувањето на паркот, изјавил директорот на затворот Струга Ваљон Ќура за медиумот и додал дека е  шпекулација и невистина тврдењето дека Мијалков воопшто не ни бил во затворот. 

Директорот тврди дека заклучно со вчера Мијалков го извршувал својот работен ангажман како возач за потребите на затворот.

-До вчера работеше. Возилото го управуваше за наши потреби, низ Струга и Охрид, кажал Ќура.

Условот за слободата на Мијалков е до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Тој беше обвинет за злосторничко здружување и за противправно стекнување и прикривање имот. Имотот според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција предводено тогаш од обвинителката Вилма Русковска му бил проценет на 30 милиони евра, но подоцна таа вредност беше преполовена со друга проценка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот