Саша Поповиќ за мајчинството на Марија Шерифовиќ: Многу сакаше да има свое дете, но прво мислев дека е лажна вест

Фото: Инстаграм/Марија Шерифовиќ

Српската пејачка Марија Шерифовиќ (39) стана мајка на 2 декември, а среќната вест ја сподели две недели подоцна.

„Љубовта пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда на мојот живот. Се роди Марио. Сине, нека те води животот по своите најубави патишта, а јас ќе те штитам со мојата љубов од тага и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека биде тивко и топло сè што доаѓа од вас до него. Ве сакам сите! Со лубов, М&М“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Во изјава за српските медиуми, таа објасни дека го добила синот Марио со помош на сурогат-мајка во Лос Анџелес, САД. Шерифовиќ сподели дека се одлучила на овој чекор по неколку неуспешни обиди сама да износи бебе.

Покрај музичката кариера, Шерифовиќ е и дел од жири-комисијата на телевизиското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Музичарот Саша Поповиќ, кој е креативен директор на емисијата, проговори за приновата на популарната пејачка.

„Навистина се изненадив кога слушнав дека Марија добила бебе. Ме извести Весна Милановиќ, нашата претставничка за односи со јавноста. Во тој момент, јас бев во Опатија и мислев дека станува збор за некоја лажна вест, дека тоа е невозможно. Ја побарав Марија преку видеоповик и кога таа ми крена – го држеше бебето во своите раце. Мислев дека земала нечие дете, дека е некоја измислена приказна. Меѓутоа, таа ми ја раскажа целата приказна, истото што го раскажа и за јавноста. Јас бев изненаден и, секако, среќен бидејќи знам колку сакаше да има свое дете“, раскажа Поповиќ за „Гранд“ и сподели како изгледал видеоповикот со Шерифовиќ.

Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“ / Фото: Инстаграм/Марија Шерифовиќ

„Кога ѝ се јавив, покрај неа беше мајка ѝ Верица. Марија е во Лос Анџелес, па во моментот на повикот кај нас беше околу 11 часот навечер, а кај неа – околу 10 часот претпладне. Интересно беше дека Верица му ја пееше песната ‘Очи, очи’ од Сузана Јовановиќ на бебето. Тогаш ѝ реков на Марија: ‘Чекај, рече дека сакаш машко дете’, а таа ми одговори: ‘Машко е’. Потоа ѝ реков: ‘Ти сакаше да има сини очи’, на што таа ми одговори: ‘Има сини очи’“, раскажа Поповиќ.

Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“ / Фото: Инстаграм/Марија Шерифовиќ

Исто така, Поповиќ откри дали Шерифовиќ ќе продолжи со својот ангажман во „Ѕвездите на Гранд“.

„Верувам дека ќе продолжи да работи со нас. Нема причина за нешто поинакво. Таа ми раскажа дека ако останела бремена – не би можела да го износи сѐ тоа. Тоа би било многу напорно за неа. Јас само го чекам моментот кога ќе дојде со бебето во емисија и кога ќе ни каже: ‘Еве сме’“, сподели креативниот директор на емисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот