Никола Саркози / Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Саркози бара олеснување на издржувањето на казната и укинување на електронската алка

Адвокатите на поранешниот француски претседател Никола Саркози објавија дека на 27 ноември 2025 година поднеле барање до судот за спојување на пресудите во случаите познати како „прислушување“ и „Бигмалион“.

Конечната одлука би можела да му овозможи на Саркози да избегне повторно носење на електронската алка, објави телевизијата BFM.

Поранешниот француски претседател, кој беше осуден кон крајот на ноември 2025 година во случајот „Бигмалион“, покрена постапка за да избегне повторно носење на алката, соопштија неговите адвокати, потврдувајќи ги претходните информации од Франсинфо.

Рочиштето за барањето е закажано за 23 февруари

Барањето е поднесено еден ден по одлуката на Касациониот суд, со која е потврдена шестмесечна затворска казна со можност за издржување надвор од затвор во случајот „Бигмалион“.

Адвокатите на Саркози бараат при консолидацијата на казните да се земе предвид казната од случајот „прислушување“, каде што поранешниот претседател беше осуден на една година затвор и да носи алка од февруари до мај 2025 година.

Барањето е закажано да се разгледа на 23 февруари во париски суд. Доколку судот го прифати барањето, поранешниот претседател нема повторно да мора да носи електронска алка.

„Барањето за спојување на казните е многу вообичаена постапка во овие случаи“, рекоа адвокатите на Саркози.

Случајот „Бигмалион“ се однесува на обвинувања дека Никола Саркози учествувал во финансиски измами за време на претседателската кампања во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот