Санду ја обвини Русија дека со „странски саботери“ од Србија и Црна Гора сака да ја собори Владата на Молдавија

Маја Санду / Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU

Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска ја обвини Москва дека планира да користи странски саботери, меѓу кои и граѓани на Србија и Црна Гора, со цел да го собори раководството на Молдавија, да ја спречи земјата да се приклучи на Европска Унија и да ја искористи во војната против Украина.

– Покрај граѓаните на Србија и Црна Гора, на списокот на потенцијални саботери има и граѓани на Русија и на Белорусија, кои влегуваат во Молдавија за да се обидат да испровоцираат протести во обид да ја променат легитимната Влада во нелегална влада контролирана од руската Федерација, истакна Санду.

Нејзината изјава уследи откако украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела наведе дека Киев открил руски разузнавачки план „за уништување на Молдавија“.

Претседателката на Молдавија, која граничи со Украина, постојано изразува загриженост поради намерите на Москва кон поранешната советска република и присуството на руски војници во отцепениот регион Придњестровје. Официјална Москва минатата година постојано негираше дека сака да интервенира во Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот