Само една жена знае точно како се чувствуваат Кејт и Вилијам во овој момент: Таа е вознемирена, тој е бесен!

Фото: Profimedia

Кралската аналитичарка Кејти Никол тврди дека знае од сигурен извор дека принцот Вилијам и Кејт Милдтон се шокирани поради сите теории на заговор кои кружат за наводната состојба на принцезата од Велс.

– Мислам дека постои чувство на фрустрација, можеби дури и гнев, секако од страна на Вилијам. Тие имаат профил на Инстаграм и стотици илјади следбеници. Тие не живеат на седмото небо, свесни се што се пишува и за што се зборува. И мислам дека постои чувство на фрустрација што не можат да стават крај на сè –  рекла Никол, пишува американскиот портал „Пејџ сикс“.

 

 

Иако се надевале дека загриженоста и сомнежот ќе се намалат по објавувањето на фотографиите на Кејт Мидлтон во продавницата, тоа не се случи.

 


Дури, тие фотографии само ги подгреаја сомнежите дека се работи за двојничката на Кејт, Хајди Аган, која за британски „Мирор“ посочи дека на спорните фотографии, сепак, не е таа, но во јавноста и понатаму се сомнева.

Да потсетиме, многумина беа изненадени од веста дека принцезата Кејт ќе оди на операција за која ништо не се знаеше, а откако јавноста почна да шпекулира, кралското семејство на чудни начини се обиде да ги разувери, што само предизвика уште поголеми скандали и шпекулации за интригите во кралското семејство.

Лавината ја покрена фотошопираната фотографија на Кејт Мидлтон со децата која беше објавена на Денот на мајката, по што само се нижеа пропустите.

Фото: PRINCE OF WALES/KENSINGTON PALAC / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA

ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

Братот на принцезата Дијана искрено проговори за ситуацијата со Кејт Мидлтон: Се грижам за тоа што се случи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот