Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Мечкин Камен/Фото: Фејсбук

Претседателката за националистичките скандирања: Реприза на кумановската трагична приказна

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, реагираше по последните националистички скандирања од трибините за време на меѓународниот натпревар Шкендија-Карабах на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

„Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините. Но, вчерашните сцени од натпреварот беа реприза на кумановската трагична приказна“, напиша Сиљановска-Давкова.

Претседателката предупреди на опасноста од селективно реагирање и неказнивост за говор на омраза на спортски настани, оценувајќи дека хипокризијата и цинизмот го подриваат демократскиот поредок и меѓуетничката доверба.

„Само со заедничка, доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, порача Сиљановска-Давкова, повикувајќи на одговорност и единство во заштитата на граѓанскиот соживот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот