Сакате луксузни дрвени боички? Спремете 900 долари!

Станува збор за „Louis Vuitton“ дрвени боички кои чинат 900 долари…

Ако постои еден бренд кој ги задоволува уметниците и модно освестената страна на личноста во сите нас, тоа мора да биде „Louis Vuitton“…

Со цел своите фанови и љубителите на уметноста уште еднаш да ги воодушеви и импресионира, овој бренд го откри својот уникатен аксесоар кој ветува дека ќе го пробуди сокриениот уметник во секој од нас.

Станува збор за премиум луксузен сет од дрвeни боички! Креиран како „Louis Vuitton“ премиум визија за боици, овој сет содржи 40 дрвени моливчиња во боја, кои се наредени во уникатната roll-up кожна футрола, на која се наоѓа LV монограмот. Направена од најпрефинетата кожа, футролата има и златно метални прстени со знакот на LV и беби розев затворач направен од мека кожа.

Заедно со сите завршни детали, друг акцент е ставен и на рачно насликаните кругови на површината на футролата, кои одговараат на нијансите на боите и ви овозможуваат секогаш лесно и правилно да ги наредите. Louis Vuitton футролата со боички на секој уметник ќе му даде прилика да црта, бои или шкртка, но со стил.

Цената на оваа футрола изнесува 900 долари и веќе е достапна за купување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот