Сакашвили ќе штрајкува со глад, оти не му дозволуваат да биде присутен на неговото судење

Фото: Profimedia

Адвокатот на поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили изјави дека тој денеска повторно стапува во штрајк со глад. Неговата одлука уследи откако Специјалната казнено-поправна служба и Клиниката Вивамеди соопштија дека не може да биде сослушан поради технички причини.

Адвокатот Шалва Хачапуриѕе го прочита писмото од Саакашвили, во кое наведува дека му е ускратено најосновното право да присуствува на судењето. Тој истакна дека тоа е кршење на грузиските и меѓународните норми, поради што е „принуден да прибегне кон екстремната форма на протест, штрајк со глад”.

„Се разбира, со оглед на мојата моментална здравствена состојба, свесен сум за сите ризици, но ќе гладувам додека не добијам цврсти гаранции барем да присуствувам на моето судење преку видео врска. Има граница за секој вид на потсмев и понижување“, истакнува Сакашвили во писмото.

Предмет на денешното рочиште беше дали да биде суспендирана или одложена казната на Саакашвили поради неговата влошена здравствена состојба.

Следното рочиште е закажано за 22 декември 2022 година.

Поранешниот грузиски претседател минатата година 50 дена штрајкуваше со глад, поради што беше хоспитализиран.

Сакашвили (54), кој е лидер на грузиската опозициска партија Грузиски сон, е обвинет злоупотреба на службената положба и е во затвор од октомври 2021 година, неколку дена откако се врати во својата татковина од егзил, кој траеше неколку години.

Инаку со пораката „СОС. Умирам, ми остана многу малку време“, експретседателот на Грузија Михаил Саакашвили упати рачно напишана белешка до францускиот претседател,

Саакашвили (54) е во грузиски затвор повеќе од една година, осуден за злоупотреба на моќ додека бил на функцијата. Судот во Тбилиси денес требаше да размисли дали да му ја укине казната или да го ослободи од хуманитарни причини за лекување во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот