Сакаше да ги поздрави фановите, па за малку не падна од балконот (ВИДЕО)

профимедиа

Џеј Ло лошата проценка можеше многу скапо да ја чини…

Џенифер Лопез (50) на големо го промовира новиот филм „Измамнички од Волстрит“ во кој глуми стриптизета која се здружува со колешките против богатите клиенти со цел да стигнат до нивните пари.

Филмот имаше премиера на филмскиот фестивал во Торонто, а Џенифер од балконот им мафташе на фановите.

Во еден момент пејачката премногу се наведна и ја загуби рамнотежата, па за малку не падна од балконот.

Снимката ја објави сајтот TMZ, а на неа се гледа дека дивата брзо се врати назад и продолжи да им мафта на фановите. За среќа, не се повреди и не падна од балконот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот