Сакал да го донира срцето на својот брат, а неговата прва љубов починала: Животот на Ештон Кучер е исполнет со подеми и падови!

ЕПА

Ештон Кучер славата ја стекнал благодарение на хит серијата „That ’70s Show“, а потоа се заљубил во 16 години постарата Деми Мур и со неа запливал во брачните води. Тој брак не успеал, па вистинската среќа ја пронашол дури во 2012 година кога започнал „врска без обврски“ со актерката Мила Кунис, со која глумел пар во „That ’70s Show“.

инстаграм

После ќерката Таша, во семејството на Лери и неговата сопруга на 7 февруари во 1978 година стигнале близнаците Мајкл и Кристофер Ештон Кучер. Мајкл се родил само 5 минути после својот славен брат и за своите родители бил огромно изненадување, со оглед на тоа што дознале дека чекаат близнаци пред самиот пораѓај.

Помалиот брат бил толку мал што докторите биле уверени дека нема да преживее, меѓутоа семејството Кучер им покажало дека не се во право. Но, не прошло многу време откако приметиле дека Мајкл не се развива со еднаква брзина како и Ештон, а набргу му била дијагностицирана и церебрална парализа.

Петочленото семејство живеело како и повеќето во таа доба, типично работничко семејство, а иако немале доволно пари, се потрудиле да им овозможат на своите деца образование. Сепак, тоа предизвикало се почести караници помеѓу Лери и Диана, кои на крајот се развеле кога синовите имале 16 години, а сите деца продолжиле да живеат со мајката.

инстаграм

Додека се разведувале родителите на Кучер, неговиот брат Мајкл морал да има итна трансплантација на срце, како последица на тежок вирус тоа се оштетило. Сето тоа имало негативно влијание врз растењето на Ештон.

Бегањето од реалноста и проблемите кои животот ги носи, тој ги пронаоѓал во расеаните ноќни излегувања, дружејќи се со лошо друштво, поради што една ноќ влегол нелегално во училиште. Поради тоа бил осуден на 3 години условна казна и 180 часа општествено корисна работа. Откако замалку останал без својот брат близнак, со кој бил многу близок, сфатил дека мора да се соземе и да превземе нешто.

инстаграм

Колку тие двајца се поврзани зборува и фактот дека Ештон, на само 13 години, сакал на својот брат да му го донира срцето. За да му помогне на својот брат тој одлучил да студира биохемија, а сето тоа било со цел да пронајде лек за болеста која го повредува неговиот брат. За да ги финансира студиите работел скоро се – се обидел со столарија, помагал на фарма, но и бришел прашина во General Mills Plant, а и покрај собраните пари, интересот за студиите набргу исчезнал.

Пресуден бил моментот кога во еден бар пронашол „ловец“ на таленти и му предложил да се пријави на избор за Ново лице. Поради својот привлечен изглед, Ештон победил и бил награден со патување во Њујорк каде учествувал на светски наптпревар.

Токму таму добил многубројни интересни понуди и работи, вклучувајќи ја и онаа да во 1997 година стане заштитно лице на Келвин Клајн, а потоа одлучил својата среќа да ја побара во Холивуд. Лос Анџелес била неговата следна дестинација, а првата улога на крајот му ги отворила сите врати, тоа било улогата на Мајкл Келсо, симпатично, но не многу бистро момче од хит серијата „That ’70s Show“.

Со брзина на светлината тој станал еден од најбараните актери на таа генерација, а улогите започнале да се нижат. Иако на почетокот добивал улоги слични на Мајкл Келсо, како онаа во „Dude, Where’s My Car?“, повремено започнал да остварува и сериозни улоги.

инстаграм

„Се трудам да бирам улоги и работа кои ќе ме извадат од мојата зона на комфорт. Се додека се чувствувам непријатно, значи дека растам“, рекол Ештон.

Меѓутоа, не го привлекувала само глумата туку и бизнисот, па своите пари постојано ги вложува во нешто.

„Животот може да стане полесен доколку сфатиш една работа, а тоа е дека се што е околу нас е направено од луѓе кои не се нешто многу попаметни од нас и дека можеш да направиш некој свет сам во кој ќе живеат други луѓе. Затоа немој само да го живееш животот, туку изгради го. Пронајди ја можноста и секогаш биди секси“, рекол во едно интервју актерот.

инстаграм

Дури и кога ја стекнал светската слава, неговиот брат пак му бил на прво место, а токму нему му се заблагодарил кога пред 3 години примил награда. Емотивниот говор се прошири по социјалните мрежи и остави многумина без зборови.

„Од раѓање морав се да делам со својот брат: роденден, кревет, гардероба, делевме се и никогаш не бев сам. Јас не знаев дека постои поинаков начин, бидејќи секогаш имав брат покрај себе. Мојот брат е роден со церебрална парализа и што сум постар, се чувствувам полошо поради тоа што не сме еднакви. Сепак, мојот брат ме научи дека конституцијата не лаже, но и работи кои самиот не би знаел да ги препознаам. Иако не сме исти, имаме ист капацитет да сакаме“, рекол Ештон.

Кога биле во основно училиште играле кошарка и Ештон постигнал совршен погодок. Мајкл се свртел и тргнал да излезе од теренот, кога брат му го запрашал што прави.

инстаграм

„Знаеш дека не можам да постигнам таков погодок. Не е фер“, рекол Мајкл.

На тоа младиот Ештон му одговорил:

„Можеш да постигнеш се што ќе посакаш. Јас не можам да ја фрлам топката наместо тебе. Мама не е овде, ни таа не може да го направи тоа наместо тебе. Тоа е твој предизвик. Престани да ја користиш болеста како изговор. Тоа е твојата препрека“, се присетил Мајкл во една прилика.

инстаграм

Но, покрај изгледот и актерските способности, страниците во магазините ги полнел и поради своите љубовни врски и бракови. Првата во низата на девојки била Џенуари Џонс со која поминал 3 години и тоа пред и двајцата да стекнат светска слава. Самата актерка, после раскинувањето немала многу добро мислење за него и го сметала за лошо момче кое не ја подржувало нејзината актерска кариера.

Младата Ешли Елерин (21) пред 19 години била убиена во својот дом во Холивуд на 21 февруари 2001 година, истата вечер кога требала да отиде на состанок со Ештон Кучер кој тогаш имал 23 години. За нејзиното убиство бил обвинет Мајкл Гарџуло, кој како што тврди полицијата, ја избодел девојката дури 50 пати. Тој е осомничен дека е серискиот убиец познат како „Hollywood Ripper“.

Ова не е единственото трауматично искуство во неговиот живот. Првата сериозна врска на познатиот актер била со актерката Британи Марфи.

инстаграм

Парот заедно го снимил и филмот „Just Married“, а хемијата помеѓу нив била видлива и на големото платно. Иако се разделиле, останале добри пријатели, па веста дека Британи починала во 2009 година на 32-годишна возраст, многу го погодила актерот. И ден денес кога ќе го прашаат, тој вели дека се уште не го прифатил тоа.

„Денес светот изгуби еден мал дел од сонцето“, напишал актерот непосредно по дознавањето на тажната вест.

Во септември 2005 година тој се венчал со 16 години постарата актерка Деми Мур.

инстаграм

Шест години подоцна Деми ја објавила веста дека се разделиле, а во ноември 2013 година поради „непомирливи разлики“ официјално се развеле. Вистинската причина за тоа била откриена подоцна. Излегло дека Ештон не ѝ бил верен на Деми која тешко го поднела разводот и изневерувањето.

Кон почетокот на 2012 година Ештон ја започнал врската со колешката Мила Кунис со која глумел во серијата „That ’70s Show“. Тие се вериле во февруари 2014 година, а набргу после тоа ја добиле ќерката Вајат. Се венчале во јули 2015 година, а во ноември 2016 година го добиле синот Димитриј Портвуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот