Сахин: Вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Основачот на германската компанија „Бионтек”, Угур Сахин, кој ја разви вакцината против Ковид-19 со американската компанија „Фајзер”, вели дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото.

Тој смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш веќе нема да претставува таков проблем.

– Во многу европски земји и САД, повеќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото, изјави Сахин за германскиот весник „Велт ам Зонтаг”.

Тој вели дека ќе има епидемии на вируси, но дека ќе бидат „позадинска бучава”.

– Ќе има мутации, но нема да не плашат, додава Сахин.

Досега речиси девет проценти од населението во Германија примило барем една доза вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот