Садики и Сејдиу велат дека општините Студеничани и Желино се отчетни и транспарентни
Азем Садики, градоначалник на скопската општина Студеничани, вели дека администрацијата на оваа општина е максимално посветена со сите свои капацитети да биде во служба на граѓаните.
Препорачано
– Како градоначалник, вложувам максимални напори да го надгледувам општинската администратицијата што е можно побрзо да ја извршуваат услугата кон граѓаните, за да не чекаат граѓаните за било каква услуга кога им е потребна. Исто така, посветуваме посебно внимание и за комуналните услугите што им ги даваме на граѓаните преку Комуналното Претпријатије. За најважните одлуки како што се планирање на буџетот и програми за развој, вложувам максимални напори да им дадам доволно простор на предлозите што ги добивам од граѓаните и кои постојано ги консултирам на состаноците и посетите што ги правам во населените места на општината. Транспарентноста е максимална. На веб-страницата на општината и на социјалните мрежи постојано ја информираме јавноста за сите дневни активности на општината – изјави за „Слободен печат“, Азем Садики – градоначалник на општина Студеничани.
И градоначалникот на тетовската општина Желино, Блерим Сејдиу вели дека неговата општина е одговорна и транспарентна пред граѓаните. Тој, за „Слободен печат“ вели дека иако како општинска власт се соочуват со предизвиците на ковид-19, сепак се во првите редови за да и служат на граѓаните со сите капацитети.
– Општина Желино е една од најтранспарентните општини на државно ниво врз основа на индексите на домашните и меѓународните организации, ние сме посветени на тоа да бидеме што е можно поотворени и транспарентни кон јавноста, овозможувајќи на граѓаните да бидат што е можно поинформирани за одлуките -изработката на буџетот, каде ги охрабруваме нашите граѓани да бидат вклучени во предлог/одлуките за стратешки ориентации на нашите проекти. Отченост даваме со годишен извештај за целата работа и проекти што се реализирани или се реализираат, организираме и отворени дебати со граѓанско учество – информира Сејдиу.


