САД: Волш нов министер за труд, Рејмондо задолжена за трговија

Фото: МИА

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја именуваше гувернерката на Род Ајленд, Џина Рејмондо за министерка за трговија, додека на функцијата министер за труд ќе биде поставен градоначалникот на Бостон, Марти Волш, објавуваат медиумите во САД.

Двајцата демократи ќе ги предводат министерствата кои ќе ја кројат агендата на Бајден за климатските промени, технологијата, инвестициите и минималните плати, меѓу другото.

Бајден, исто така, ќе ја назначи Изабел Гузман, официјална претставничка од Калифорнија задолжена за прашања од економски развој и мал бизнис, за шеф на Управата за мали претпријатија (СБА). Управата одигра клучна улога при распределбата на финансиска помош на малите бизниси поради пандемијата на Ковид-19 во текот на минатата година.

Рејмондо е прва жена гувернер на Род Ајленд, која ја зголеми минималната заработувачка на час на 15 долари. Таа е правник, која се школувала на Харвард и Јеил, и започна успешни програми за обука на работниците на Род Ајленд, што е согласно плановите на Бајден да поттикне стекнување вештини за вработените, кои се потребни во 21. век.

Волш (53), кој моменто втор мандат е на функцијата градоначалник на Бостон, силно се бореше за закрепнување на средната класа, како и за работничките права и поотпорна економија.

Гузман моментно предводи канцеларија за мали бизниси во Калифорнија и помага при координирање на распределбата на државна помош поради кризата со пандемијата. За време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама, таа беше висок функционер во Управата за мали претпријатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот