САД се подготвени да разговараат за размена на затвореници со Русија

Бритни Грајнер
Бритни Грајнер / Фото: EPA-EFE/EVGENIA NOVOZHENINA

САД соопштија дека се подготвени да разговараат за размена на затвореници, кратко после пресудитана руски суд од девет години затвор за кошаркарската ѕвезда Бритни Грајнер, за наводен превоз на дрога.

Грajнер, двократна олимписка добитничка на златен медал и ѕвезда на женската Национална кошаркарска асоцијација (ВНБА), беше втурната во геополитички вртлог откако Русија изврши инвазија на Украина при крајот на февруари.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден претходно се договориле за дипломатски канал што треба да се користи за да се разговара за потенцијална размена на затвореници.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа рече дека Вашингтон е подготвен да се ангажира со Москва преку воспоставените дипломатски канали.

Казната на Грајнер – која претседателот Бајден ја нарече „неприфатлива“ – може да го отвори патот за размена на затвореници што ќе ги вклучи 31-годишниата спортистка и Виктор Бут, поранешен руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД.

САД веќе дадоа, како што го нарече Блинкен „суштинска понуда“ за да се обезбеди ослободување на Американците притворени во Русија, вклучително и Грајнер и поранешниот маринец Пол Вилан.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, по изрекувањето на пресудата на Грајнер синоќа изјави дека САД ѝ дале сериозен предлог на Русија.

Кирби не даде дополнителни детали за понудата на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот